23/11/2024
Охрид

Поради градежни активности ограничен сообраќај на „АСНОМ“

Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот дека од денес (21.10.2019 г) целата улица „АСНОМ“ или нејзини делови ќе биде затворени за сообраќај во одредени периоди од денот поради изведба на градежни активности.

Се молат сите учесници во сообраќајот да го избегнуваат овој потег за сообраќање со цел непречено да се реализираат предвидените активности.