Поради градежни активности се воведува нов сообраќаен режим на улицата „Јане Сандански“
Општина Охрид од 20.03.2021 година (сабота) ќе започне со градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Јане Сандански“ на потег од кружната крстосница со булевар „Туристичка“ до кружната крстосница со улица „Сирма Војвода /Даме Груев“.
За таа цел на овој потег ќе отпочне да важи времен режим на сообраќај по кој мора да се придржуваат учесниците во сообраќајот, се додека траат градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа. Активностите ќе ги изведува „Вардарградба“ ДОО Скопје.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација која ќе биде поставена додека трае новиот режим на сообраќај, заради непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се упатува апел до учесниците во сообраќајот, додека траат градежните активности, доколку не е неопходно да се избегнува овој потег за сообраќај.