По повод годишната прослава на 26 април – Меѓународниот ден на интелектуалната сопственост под покровителство на Светската организација за интелектуална сопственост, во продолжение ја пренесуваме пораката на Генералниот секретар на Светската организација за интелектуална сопственост под тематски наслов: “Поддржување на промените: жените во иновациите и креативноста”.
За подеталени информации за Светската организација за интелектуална сопственост можете да се информирате на следниот линк:
http://www.wipo.int/ip-outreach/en/ipday
Светскиот ден на интелектуалната сопственост 2018 – “Поддржување на промените: жените во иновациите и креативноста”
Порака од генералниот директор Френсис Гари
Оваа година нашата тема на Светскиот ден на интелектуалната сопственост е “Поддржување на промените: Жените во иновациите и креативноста”.
Ова е исклучително важно прашање. Затоа денес ги славиме талентите и достигнувањата на жените пронаоѓачи и творци низ целиот свет.
Но, имаме уште доста да направиме. Достапните статистички податоци покажуваат дека нивото на учество на жените во иновациите и креативноста е многу ниско. Ова е неправда за жените и загуба за нашиот свет, кој има потреба од целосен тим кој ќе работи на нашите најизгледни заеднички предизвици.
Кога зборуваме за иновациите, ако земеме пример за употреба на Договорот за соработка во областа на патентите (PCT) на Светската организација за интелектуална сопственост, во 1995 година, само 17 проценти од меѓународните патентни пријави, поднесени согласно тој систем, вклучуваа жени меѓу наведените пронаоѓачи.
Добрата вест е дека овој број се зголемува и сега речиси една третина од сите меѓународни патентни пријави содржат барем една жена пронаоѓач. Но, таа бројка сеуште е далеку под паритетот што сите го бараме.
Интелектуалната сопственост постои за да се поттикне иновацијата и креативноста, кои ги стимулираат подобрувањата во нашиот квалитет на живот, го поттикнуваат економскиот раст и ги решаваат радикалните предизвици со кои се соочуваме, како што се климатските промени, чистата енергија, безбедноста на храната и здравјето. За да се справиме со овие предизвици, потребна ни е користа од сите ресурси на човештвото.
Дефицитот во учеството на жените, укажува на тоа дека сегашните нивоа на иновации и креативност се неоптимални и едноставно не ги користиме целосните придобивки што произлегуваат од иновациите и креативноста. Во моментов, човештвото не го реализира својот целосен иновативен и креативен потенцијал.
Затоа, по повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, ве повикувам сите, насекаде, да се погрижиме, да направиме се што е во наша моќ, за да го зголемиме целосното учество на жените во иновациите и креативноста.
Ова ќе доведе до многу поголеми можности и праведност за жените, како и огромни бенефиции за светот.
Ви посакувам многу среќен, плоден и иновативен Светски ден за интелектуална сопственост.
По повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, ве повикувам сите, насекаде, да се погрижиме, да направиме се што е во наша моќ , за да го зголемиме целосното учество на жените во иновациите и креативноста.