Порака од претседателот Пендаровски по повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот
На Светскиот ден на свесноста за аутизмот се потсетуваме на нашата обврска да создаваме услови за квалитетна инклузија на лицата со атипичен развој во општеството.
Да создаваме еднакви можности за сите, преку подобрување на услугите и примена на системски решенија со кои децата и возрасните со атипичен развој ќе имаат подобар квалитет на живот и поголема интеграција во општеството.
Да се фокусираме на вештините, наместо на попреченоста и да работиме на подигнувањето на јавната свест за луѓето кои се различни.
Не смееме да забораваме на ниту еден член на нашата заедница.