Пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер во поголем дел од земјата
Од УХМР известуваат дека денес ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд (над 20л/м2).
Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд. Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали.