Поројните дождови создадоа проблеми во Дебрца, ситуацијата будно се следи
Поројните дождови викендов создадоа проблеми и во Општина Дебрца. Надлежните велат дека спречено е поплавување на домовите, а ситуацијата будно се следи.
„Вчерашниот ден го поминавме на терен. Обилните дождови ни создадоа проблеми. Со години неисчистените водотеци не можеа да ги примат надојдените води. Кај што беше најургентно саниравме. Продолжуваме денес со активностите за санација на проблемите.“ – напиша градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, на својот ФБ профил.