Посебен режим на сообраќај на патниот правец Охрид-Св.Наум од 17:00 до 23:30
СВР Охрид ги известува граѓаните дека денес (вторник) 09.05.2023 од 17:00 до 23:30 часот, поради движење на возила под придружба, посебен сообраќаен режим на сообраќај ќе има на регионалниот патен правец Охрид-Св.Наум.
Поради отстапување приоритет во нивното движење, ќе има повремени задржувања на сообраќајот и комбинирано последователно пропуштање на останатите патнички и други моторни возила.
СВР Охрид апелира до граѓаните за разбирање и почитување на наредбите од полициските службеници.
WebOhrid / 09.05.2023 / СВР Охрид