22/11/2024
Македонија

Посебен режим на сообраќај по повод верскиот празник Задушница

По повод верскиот празник „Задушница“ од МВР информираат дека утре и задутре (04./05.11.) во периодот од 06,00-16,00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров каде се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат превземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

При тоа ги информираат граѓаните дека поради изведување на градежни работи на ул.“Александар Урдаревски“(во реонот на гробиштата Бутел) дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај. Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“ во правец од кружниот тек на ул.“Александар Урдаревски“ кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“, лево, по ул.“Александар Урдаревски“ кон клучка „Мирковци“ (обиколница).

Апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.