Поскапуваат нафтените деривати
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,46%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 17.02.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари/литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 17.02.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,565ден/кг.