27/11/2024
Охрид

Поставен камен темелник на храмот Воведение на Пресвета Богородица Пречиста во Рача

Денес во населбата Рача беше осветен камен темелникот на храмот Воведение на Пресвета Богородица Пречиста.

Чинот на осветувањето на камен темелникот го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и свештеникот Сашо Ристески.

Храмот ќе се гради по иницијатива на иницијативниот одбор, чии членови се: Кристијан Трифуноски, Стојан Џајкоски и Дејан Блажески, на чело со парохискиот свештеник Сашо Ристески. Храмот ќе се гради со донациите на локалното население, како и донациите од верниците од пошироката околина и сите добронамерни луѓе. По завршувањето на чинот на осветување, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое најпрво му го честита денешниот голем чин, а потоа и го поучи, кажувајќи му дека убаво е да се градат храмови, но она што е најважно е одењето по вистинскиот пат во животот, кој е тесен и тежок, но истовремено и единствениот којшто дава плодови на спасение.

WebOhrid