Поставена изложба на книги од роднокрајни автори родени во февруари
Од денеска 11 до 17 февруари во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде поставена традиционалната изложба на книги под наслов: „Роднокрајни автори родени во февруари“.
Во Прличевата одаја на читателите ќе им биде на дофат целокупното творешетво од авторите: Борис Бојаџиски, Владимир Попоски, Панде Шикаловски – Чкалов, Трајан Мартиноски и Ристо Јованоски.
Изложбата на книги може да се види секој работен ден од 9 до 18 часот.