Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Градежниот факултет од Скопје
Градоначалникот, Кирил Пецаков и деканот на Градежниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје проф. д-р Златко Србиноски, денеска во Охрид потпишаа меморандум за соработка.
Според потпишаното двете страни се обврзаа на развој на стратешки документи, студии, анализи и трансфер на знаење од областа на градежништвото, хидротехниката, геодезија и геотехничкото инженерство. Соработка во реализација на заеднички проекти од различни сфери на интерес на двете страни и нивно аплицирање пред домашни, европски и други фондови за финансирање на проекти. Организирање и реализација на практична настава и овозможување на кариерно унапредување за студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Градежен факултет. Стипендирање на студенти од прв и втор циклус на студии чие поле на интерес е во делокругот на работа на втората страна потписничка. Соработка при дефинирање на теми за дипломски, магистерски и докторски трудови во рамките на образовниот процес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Градежен факултет, а кои се во интерес на потписниците. Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош. Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти. Организирање на тркалезни маси и размена на искуства.
Според потпишаниот Меморандум , активностите и соработката не предизвикуваат никакви финансиски импликации и ги почитуваат правилата и прописите воспоставени од страните потписнички.
WebOhrid / 16.05.2022 / Општина Охрид