22/11/2024
Охрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“

Во просториите на Општина Охрид, денеска, беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ кој работи во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Потписниците на договорот, градоначалникот Кирил Пецаков, и двата директори на Институтот македонскиот проф. Д-р Влатко Стоилков и кинескиот проф. Д-р Дијао Веј, изразија подготвеност за целосно спроведување на обврските од меморандумот.

Со меморандумот е опфатено изучување на кинескиот јазик, литература и култура. Предвидено е изучувањето да се спроведува преку едукативни активности кои ќе бидат спроведени за ученици и вработени во општинските училишта. Понатака, организирање на културни настани, семинари и работилници.

Исто така опфатено е вршење размена на информации со училиштата за членување во домашни и меѓународни здруженија, учество и заеднички настап.

Потписниците взаемно се согласија дека потпишувањто на меморандумот е само почеток кон продлабочување на соработката помеѓу Охрид и Народна Република Кина, преку организирање на настани и промоции, како и презентации пред потенцијалните гости во Охрид.


WebOhrid / 01.06.2023 / Општина Охрид