26/11/2024
Македонија

Потврдени 111 нови случаи на Kовид-19, oздравени се 6 пациенти, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Прилеп – 1, Тетово – 4, Битола – 1. 
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.  
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

  •        Скопје 1264, активни 658
  •        Куманово 556, активни 140
  •        Дебар 52, активни 1
  •        Штип 174, активни 136
  •        Прилеп 218, активни 27
  •        Тетово 281, активни 119
  •        Струга 98, активни 25
  •        Велес 144, активни 30
  •        Битола 30, активни 3
  •        Охрид 31, активни 14
  •        Кавадарци 6, активни 1
  •        Гостивар 50, активни 29
  •        Гевгелија 6, активни 2
  •        Струмица 5, активни 2
  •        Крива Паланка 7, активни 1
  •        Радовиш 4, активни 0
  •        Крушево 3, активни 0
  •        Кочани 51, активни 20
  •        Пробиштип 5, активни 3
  •        Демир Хисар 1, активни 0
  •        Македонски Брод 2, активни 0
  •        Пехчево 3, активни 0
  •        Берово 2, активни 1
  •        Валандово 3, активни 2
  •        Виница 3, активни 1
  •        Делчево 1, активни 0
  •        Кратово 3, активни 1
  •        Свети Николе 3, активни 2
  •        Кичево 3, активни 1
  •        Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 854 теста се преку: ИЈЗ – 440, ЦЈЗ Скопје- 12, Авицена – 78, Биотек – 127, Жан Митрев (Филип Втори) – 56, Систина со PCR метода – 81 и МАНУ – 60.  Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19. 

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19. 
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи:

  • Чаир   152
  • Бутел   59
  • Гази Баба  58
  • Аеродром  53
  • Сарај   52
  • Центар  52
  • Карпош  40
  • Кисела Вода   29
  • Арачиново  23
  • Студеничани  18
  • Ѓорче Петров  17
  • Илинден 17
  • Шуто Оризари   12
  • Петровец   6
  • Чучер Сандево   3
  • Сопиште 2
  • (се утврдува општина)   1