Повик до новинари и медиумски работници за вакцинација против Ковид-19
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во координација со Министерството за здравство во наредните денови ќе организира вакцинација против Ковид-19 за група на новинари и медиумски работници.
Во оваа фаза Министерството за здравство одвојува дози од вакцината Астра Зенека за активни новинари и медиумски работници кои ги исполнуваат следниве критериуми:
-Хронично болни новинари и медиумски работници или
-Новинари и медиумски работници кои се на возраст над 45 години, кои се најизложени на вирусот (работат на терен или имаат чести студиски снимања)
Пријавувањето ќе оди преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: contact@ssnm.org.mk единствено со испраќање на пополнет формулар кој можете да го симнете тука.
Напоменуваме дека ќе се прифаќаат пријавите кои се испратени исклучиво во овој образец во кој треба да биде означено одговорно лице за контакт од редакцијата.
Рокот за поднесување на формуларот е 31 март (среда) до 16 часот.
ЗАБЕЛЕШКИ
Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат контактирани од претставник на Министерството за здравство или од претставник од новинарските организации.
Обврската за веродостојноста на информациите е на товар на одговорното лице посочено во формуларот. Останатите новинари и медиумски работници кои не се опфатени во оваа група ќе бидат опфатени во втората фаза на вакцинација која е најавена за крајот на април.