Повик за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици во средното образование
Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„ бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува
ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за доставување барања за одобрување учебници по странски јазици
во средното образование
Предмет на јавниот повик:
Доставување на барање за одобрување на учебници по странски јазици во средното образование за следните наставни предмети:
1. Англиски јазик за IV година на средното четиригодишно образование,
2. Германски јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишнo образование,
3. Француски јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишно образование,
4. Руски јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишно образование,
Барање за одобрување на учебник по странски јазици може да побара домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Македонија.
Кон барањето заинтересираните домашни издавачи, односно издавачи од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Македонија задолжително доставуваат:
– домашниот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за издавачка дејност во Република Македонија,
-странскиот издавач треба да достави доказ дека е регистриран за
издавачка дејност во државата во која му е седиштето и овластување за законски застапник во Република Македонија.
– овластениот законски застапник на странскиот издавач да достави договор или друг соодветен доказ дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните пет учебни години,
– учебник/ци по странски/те јазици се доставуваат во пет примероци во печатена форма ( во колор).
Рокот за доставување на учебници по странски јазици е заклучно со 31.03.2018 година.
Заинтересираните издавачи може да ги превземат наставните програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk
Ненавременото доставено барање и/или некомплетно доставената документација нема да се земат во предвид.
Барањето за одобрување на учебници по странски јазици да се достави на следната адреса:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – ПЕДАГОШКА СЛУЖБА
ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје