26/11/2024
Македонија

Повик за објавување на трудови во Меѓународно научно списание „Безбедност“

Со особено задоволство Ве информираме дека Уредувачкиот одбор на Меѓународното научно списание на Министерството за внатрешни работи „Безбедност“, година донесе одлука за објавување на Повик за доставување на научни и стручни трудови во списанието за број 6 за 2022 година.

Поттикнувањето на научната мисла од областа на безбедноста во земјата, во регионот, па и пошироко, ќе биде од особено значење за модернизацијата на безбедносниот сектор во целина, а МВР како централна институција во безбедносниот систем ја препознава својата одговорност и ќе ги превзема сите неопходни чекори за развој на полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните, гарант на мирот и стабилноста во државата и чувар на Уставот и законите.

Со силна посветеност за развојот на научната мисла во областа на безбедноста, ги поттикнуваме сите заинтересирани автори да достават свои трудови со резултати од најновите истражувања, теоретските постулати и практичните достигувања во безбедносните, полициските, криминалистичките, криминолошките, кривично-правните, економските, правните или други науки кои се значајни за развојот на полицијата и Министерството за внатрешни работи во целина.

За повеќе информации, Ве молиме погледнете го повикот за објавување на трудови на следниот ЛИНК. За сите дополнителни информации, прашања или предлози можете да се обратите на електронската адреса на списанието spisanie@moi.gov.mk.
Срдечен поздрав,

Проф. д-р Никола Дујовски

Главен и одговорен уредник на МНС „Безбедност“