Повик за протестниот марш на 17 јуни (недела) во Битола
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите со кое ја повикува јавноста на протестниот марш на 17 јуни (недела) во Битола.
„ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш стои на браникот и работи за државните и национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид не го поддржува капитулантскиот договор на Зоран Заев за промена на името кој ги урнисува темелите на државноста на Република Македонија и го загрозува долгогодишното право на самоопределување кое македонскиот народ го има стекнато.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ Охрид ги повикува сите сограѓани што имаат идентичен став како нашиот, сакаат да застанат на патот на овие погрешни политики коишто Владата на СДСМ ги прави во Република Македонија, сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ да се придружат на протестниот марш којшто ќе се одржи на 17 јуни (недела) во Битола со почеток во 13:30 часот.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.