26/11/2024
Македонија

Повик за учество во комисија за давање мислење за измена над 30% од содржината на учебници по англиски јазик за основно деветгодишно образование

Врз основа на член 13 став 7 и 8 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС
за  учество во комисија за давање мислење за измена над 30% од содржината на учебници по англиски јазик за основно деветгодишно образование  

Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење за измена над 30% од содржината на учебници по англиски јазик за основно деветгодишно образование  треба да ги исполнуваат следните услови:

– да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата) или
– да се наставници од основното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

–    уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија), 
–    изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
– преглед на регистирани податоци  во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
– потврда од установата во која е вработен.

Пријавата може да се преземе овде, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 07.03.2018 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.