Повлечени од дневен ред сите точки кои се поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти
Точките кои се поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти се повлечени од Дневниот ред на утрешната 26-та седница на Советот на општина Охрид.
„Овој состав на Советот на општина Охрид досега има донесено 276 одлуки за легализирање на бесправно изградени објекти и сите, во интерес на граѓаните се донесени едногласно.
Редовните и тековните обврски на општината не смеат да бидат злоупотребувани за политички поткусурувања и евтина политичка пропаганда.
Со цел да се продолжи со транспарентност и отчетност во работењето, за утрешната седница на Советот на општина Охрид, се повлекуваат сите точки на дневниот ред поврзани со легализирање на бесправно изградени објекти.“ – стои во соопштението од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.