Повреден планински велосипедист на планината Баба
На 17.08.2020, по пријава за повреден планински велосипедист на планината Баба, покрај Министерството за внатрешни работи и Брзата помош од Битола, се вклучи и Дирекцијата за заштита и спасување, со Тим за спасување од планина од ПОЗС- Битола.
Со помош на теренско возило, тимот на Дирекцијата за заштита и спасување веднаш по пријавата се упати кон местото викано “Антени” со што на повреденото лице му беше пружена медицинска помош.
Повредениот е транспортиран до Здравствениот дом во Битола на понатамошно лекување.