23/11/2024
Охрид

Повреден велосипедист на патеката во близина на Центарот за обука на вода

На 14.07.2021 во 21.30 часот било пријавено дека во Охрид, на пешачката патека во близина на Центар за обука на вода, Б.Ч.(42) од Охрид, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на патеката.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.