18/10/2024
Охрид

Повредена скопјанка која паднала при фотографирање кај „Заливот на коските“

На  06.07.2024 година во 21:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.


WebOhrid / 07.07.2024 / СВР Охрид