18/11/2024
Дебрца

Повредена жена откако возило излета од патот Охрид-Кичево кај Ново Село

На 14.11.2024 во 07:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај девијацијата за село Ново Село, општина Дебрца, патничко возило „сеат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.М.(54) од Кичево, излетало од патот.

Притоа, сопатничката С.Ѓ.(72) од Кичево се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 15.11.2024 / СВР Охрид