Повредени две лица во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен
На 04.06.2024 во 07:20 часот, кај тунелот на магистралниот пат Охрид-Ресен се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.С.(67) од Битола и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од охридското село Требеништа.
Во несреќата, возачот М.Т. се здоби со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник Р.Ј. се здоби со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид.
Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.
WebOhrid / 05.06.2024 / СВР Охрид