Повредени две лица во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Ресен
На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен. Притоа, со тешки телесни повреди, се здоби малолетен сопатник во второто возило додека Н.С. – возачот на истото возило, се здоби со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.