Повредени три лица во сообраќајка кај Ќафасан
На 26.11.2018 година околу 12:50 часот на магистралниот пат село Подмоље, струшко-Ќафасан се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.С.(27) од Струга и возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница Струга, управувано од М.М.(43) од село Делогожда, струшко.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобилe Н.М.(58) од село Лабуништа и Џ.М.(59) од село Лабуништа, кои биле во возилото „Цитроен“ и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „Цитроен“, А.М.(28) од село Лабуништа, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга. Се работи на расчистување на случајот.