Повредени три лица во сообраќајна незгода кај Св.Еразмо
Три лица се повредени во сообраќајна незгода што денеска во 08 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на манастирот Св.Еразмо.
Во незгодата, со телесни повреди се здобиле У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид-совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. Повредените, со возило на брза помош се пренесени во болница за укажување на лекарска помош и истите се задржани на натамошна опсервација.
Незгодата се случила при разминување на двете возила кои по магистралниот пат доаѓале од спротивни правци. Притоа, дошло до меѓусебен судир при што излетале надвор од коловоз. По овластување од Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, полициски службеници извршија увид, при што сообраќајот се одвиваше со наизменично пропуштање на моторните возила.