Повремени врнежи од дожд
Од УХМР известуваат дека времето претпладне ќе биде сончево и релативно топло. Попладне облачноста ќе се згплемува и ќе има со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Се очекуваат пообилни врнежи да има во западниот и северо-источниот дел од земјава, каде е можно да наврнат околу 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер.