Повторно оштетување на виртуелниот споменик на Григор Прличев
Синоќа (25.09.2022) во 23:35 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на виртуелниот споменик на Григор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид.
Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
WebOhrid / 26.09.2022 / СВР Охрид