22/11/2024
Охрид

Повторно се депонира градежен шут во контејнерите

Во текот на вчерашниот ден дежурните служби на Ј.П. „Охридски Комуналец“ евидентираа очигледен пример на кршење на Законот за јавна чистота во централното градско подрачје на сред бел ден. Депониран е градежен шут од камион на приватен субјект директно во контејнерите за комунален отпад.

Според Законот за јавна чистота на РМ, не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните и правните субјекти да го исфрлаат во контејнерите за комунален  отпад.

Ј.П. „Охридски Комуналец“  континуирано ги едуцира и  информира граѓаните на општина Охрид, им ја нуди и услугата за преземање и транспорт на овој тип отпад со специјалните возила на претпријатието. Во таа насока се организираат и акции за подигнување на кабаст и зелен отпад и градежен шут.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ќе ги преземе сите неопходни мерки за санкционирање на ваквите случаи.