Пожар во атарот на Вевчани
На седумнаесетти февруари оваа година, околу 14 часот, во месноста „Суво поле“, атар на општина Вевчани, случен е пожар, во кој, на една парцела целосно изгореле 1500 костенови насади и 200 ореови насади, сопственост на фирма, а на втората парцела 14 ореови насади и двеста метри црево од систем за наводнување „капка по капка“, дадени под концесија на фирма од Вевчани.
Пожарот бил локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. По овластување на Јавен обвинител, на местото на пожарот увид направи екипа на полициските станици од Струга.