22/03/2025
Македонија

Пожар во диско клуб во Кочани однесе многу млади животи

Рано утрово, околу 03:00 часот, се случи голем пожар во диско клубот Пулс во Кочани, што предизвика стравични сцени и драматична борба за спасување на повредените и преживеаните.

Бројот на жртви се искачи на 59 лица, а бројот на повредени лица 155.

За гаснењето на пожарот и спасувањето на младите, на местото на настанот пристигнаа противпожарни екипи од околните градови, како и медицински тимови.

Според првичните информации, трагедијата е предизвикана од светлосните ефекти за време на концертот на групата ДНК.


WebOhrid / 16.03.2025 / фото: Архива