23/11/2024
Охрид

Пожар во куќа во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ч.(27) од Охрид, за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”.

На 31 јули околу 10:30 часот во Охрид, во семејниот дом, пријавениот ја изнел својата мајка надвор од куќата, а потоа влегол внатре, се заклучил и предизвикал пожар во една од просториите. Откако неговата мајка побарала помош, соседите насилно ја отвориле влезната врата од куќата, по што пријавениот се дал во бегство.