Пожар во куќа во струшкото село Делогожда
На 30.09.2019 околу 02.00 часот во полициската станица Струга пријавено е дека настанал пожар во куќа сопственост на К.Д.(36) во струшкото село Делогожда. Пожарот бил целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид извршија полициски екипи.