Познат редоследот на кандидатите за градоначалник на Охрид
Државната изборна комисија денес одржа јавна седница на која со ждрепка ги утврди редните броеви на гласачките ливчиња на кандидатите за Градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар.
Редните броеви 1 и 2 им припаднаа на ДУИ и на Алијансата на Албанците, партии кои немаат свој кандидат за градоначалник на Охрид.
Ова е редоследот на петте кандидати кои ќе се борат за градоначалничкото место во Охрид:
3. Стевче Стевоски од редовите на партијата Демократи;
4. Михаил Трендафилов – Нанче од редовите на Граѓанско Демократска Унија – ГДУ;
5. Митре Милошевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ;
6. Џемал Мена од редовите на БЕСА;
7. Константин Георгиески од редовите на СДСМ.
WebOhrid