Позната програмата за Новогодишните празници: Од 20ти до 20ти – Сите во Охрид
Новата локална самоуправа во Охрид во пресрет на празниците го започна проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој ќе трае од 20-ти декември 2017 до 20-ти јануари 2018 година.
Основната интенција на оваа акција е да се опфати еден од најатрактивните периоди во текот на годината, надвор од главната туристичка сезона во Охрид. Ги опфаќа новогодишните празници, подоцна Божиќ, Стара нова година и секако Водици, кои се од исклучително значење за заедницата. Идејата е да се изгради манифестација која ќе носи сопствен печат, кој традиционално ќе се одржува и надградува секоја година. ќе трае полн месец и ќе ги опфати со посебна програма сите празници кои се слават во овој дел од годината, но и сите останати денови.
Главниот дел од настаните ќе се одвиваат на посебно уредени простори во Центарот на градот, на 5 различни сцени. Една од сцените е и кај новата Фонтана кај Мини маркет, со што дополнително ќе се дисперзира забавата во целиот град, кој во овој период во иднина е планирано да биде целиот град како една сцена.
Во склоп на програмата ќе имаме посебни сегменти како „Игри без граници“, театарски дел и изложби на отворено, „Од СРЦЕ за Охрид“ – посебна акција за најмладите, трки на Дедо мразовци, трки на келнери, ден на виното, и многу други. Како една од најатрактивните содржини на овој месец на забавата во Охрид е и „Чоколадниот новогодишен свет“, посебна манифестација во склоп на главната, лоцирана на делот од „Бистро Корнер“ на влезот во чаршијата до фонтаната кај Чинарот. Овој дел е посебно украсен со чадори и тезги во центарот на улицата, а по започнувањето со работа ќе има и посебна бина, каде секојдневно ќе има музика, Дџ, Дедо мраз и аниматори за најмладите.
артисти кои ќе настапат на големата сцена
– 31.12.2017 Даниел Кајмаковски и Анита Мицова (настап од 21:00-01:00 часот)
– 01.01.2018 Бени Шаќири (настап од 21-22:15 часот)
– 02.01.2018 Суперхикс (настап од 21-22:15 часот)
– 07.01.2018 Сергеј Четковиќ (настап од 21-22:15 часот)
– 13.01.2018 Љубојна (настап од 21-22:15 часот)
– 19.01.2018 Фолтин (настап од 21-22:15 часот)
Баскер фест
Посебна програма во Центарот на градот со Баскер-уметниците како надополнување на музичката програма. Датуми на кои ќе настапат се: 30 и 31.12.2017 година, како и 04. 13 и 18.01.2018 година по 20:00 часот
Сцени на кои ќе се одржуваат настаните:
– главна сцена плоштад кај „телевизор“
– мала сцена 1 – мал плоштад поранешна библиотека
– мала сцена 2 – фонтана Мини маркет
– мала сцена 3 – Новогодишна куќа до споменикот на Св. Климент – Центар
– мала сцена 4 – стар Чинар