Познати четвртфиналистите во Купот на Македонија
Денеска беа одиграни натпреварите од 1/8 финалето од Купот на Македонија. Вардар, Македонија Ѓ.П, Пелистер и Струга Трим Љум по изведување пенали обезбедија место меѓу осумте најдобри екипи во куп натпреварувањето. Екипата на Шкендија беше убедлива во локалното дерби против Ренова, а актуелниот бранител на трофејот, тимот на Силекс беше подобар од Беласица во Струмица.
КУП на МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале:
Академија Пандев – Македонија Ѓ.П. 4:5 по изведување пенали (1:1)
Брегалница – Охрид 4:0
Пелистер – Работнички 5:4 по изведување пенали (0:0)
Шкендија – Ренова 5:0
Шкупи – Тиквеш 1:0
Струга Трим Љум – Борец 5:4 по изведување пенали (1:1)
Вардар – Скопје 4:2 по изведување пенали (0:0)
Беласица – Силекс 2:4