Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид
По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, Жири –комисијата во состав: проф. Перчо Божиновски – претседател, проф. Светлана Велкоска – член, проф. Светлана Огненова – член донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.
Жири – комисијата одлучи Први награди да им бидат доделени на следните тврорби:
- Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)
- поетска творба: „Охрид градот на нашите просветители“
- шифра: FROZEN
- Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение)
- поетска творба: „Клименте“
- шифра: Светлина
- Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година)
- поетска творба: „Светоста на името твое“
- шифра: 2608
Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 6.12.2023 година и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.
WebOhrid / 05.12.2023 / Општина Охрид