Познати добитниците од јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид
Во врска со објавениот Јавен повик бр.09-1283/2 од 24.01.2019 година за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид, познати се добитниците на средства од буџетот на општина Охрид за 2019 година.
Ги известуваме апликантите кои добиле финансиски средства на ден 12 и 13 јуни 2019 година да дојдат во Општина Охрид – Одделение за млади и невладини организации за да ги потпишат договорите за учество во финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид.
Напоменуваме дека потпишувањето на договорите треба да го вршат овластени лица претставници од апликантот, кои со себе треба да понесат печат.