Прашалник за оценување на потребите за креирање на START-UP центар во Општина Охрид
Овој прашалник има за цел да ги оцени потребите на граѓаните од Општина Охрид како и независните консултанти, и ќе послужи како основа за креирање на анализа за отворање на START – UP центар на територија на Општина Охрид.
START – UP центарот ќе претставува место каде младите претприемачи и иноватори ќе ја имаат целосната поддршка, менторство и сите потребни услови за развој на нивните бизнис планови и иновации. На младите кои ќе стартуваат со бизнис овој бизнис центар ќе им нуди простор, опрема и обуки за реализација на нивните бизнис плановите.
Прашалникот е дел од јавнинот повик објавен од страна на Општина Охрид за “Услуги за изработка на анализа за креирање на старт-ап центар”.
Анализата ќе биде изработена од страна на О3 Инвест од Скопје.
Кликнете на сликата за пристап до ПРАШАЛНИКОТ…