22/11/2024
Охрид

Правно ќе се регулира закупот на паркинг место кај Горна Порта

Од денес, па се до 04.06.2021 правно ќе се регулира закупот на паркинг место Горна Порта со кое стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини Извори“. 

Согласно одлуката на Советот на град Охрид, таа можност ја имаат сите сопственици на апартмани и соби за издавање, кои поседуваат решение за упис во регистарот за угостителска дејност.

„Ги повикуваме сите заинтересирани во наведениот рок да се обратат во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“, Спортска Сала „Билјанини Извори“, со цел потпишување на договор за закуп на паркинг место.“ – соопштуваат од ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.