Празнична честитка од ИПА Охрид и СВР Охрид за жените возачи
По повод 8 март, Меѓународниот празник на жената, денеска, Интернационалната полициска асоцијација ИПА Охрид и СВР Охрид, на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија цвеќе.
„Со ова, на сите припаднички на понежниот пол, симболично им го честитавме 8 март, искажавме почит кон жените возачи на моторни возила и учеснички во сообраќајот и се приклучивме во одбележувањето на овој меѓународен празник.
Покрај ова, со едукативни флаери ги потсетивме жените возачи да внимаваат при управувањето со моторните возила, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин, со совесно учество во сообраќајот, да го дадат својот придонес за зголемена сообраќајна безбедност и повисока сообраќајна култура.“ – информираат од СВР Охрид и ИПА Охрид.
WebOhrid / 08.03.2025 / СВР Охрид