Празнична песничка
Ете бидна Бадник, Божик,
на сите Бог нек ни поможит.
По нив идет Стара Нова,
шо да прајш, да славиш морат.
За Водици крст се фрлат,
скокет луѓе во мраз вода.
Дупнат чорап, нозе камен,
ракивче на стомак гладен.
Крстот ќе дојт пак во Варош,
ќе не пцует цел народ!
Ај кј и да е ќе дојт и лето,
ете ти го и Скопјето.
А до тогаш зима пуста,
имат дури и магла густа.
Кајче веслам со весла мафтам,
е не низ чаршија ќе се пафтам.
Кј да одам, морам дома,
ме чекат жена ко ноќна мора.
Кј си, шо си, шо си праел,
а не знајт дека ко куче сум лаел.
Ај сега тро да дремнам,
зш мојт температура да кренам!
Урош од Варош
(читател на WebOhrid)
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.