22/11/2024
ДебрцаМакедонија

Празникот Илинден се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ – Мешеишта

Големиот македонски празник Илинден, денес се одбележа и во манастирот „Св. пророк Илија“ во с. Мешеишта, општина Дебрца. Голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа.

Традиционално, на присутните им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика, односно присутните ги забавуваше пејачот Влатко Миладиноски.

Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник.

Црквата „Св. Илија“ е главна манастирска црква на Мешеишкиот манастир. Камен темелник е поставен на 2 јули 2002, а црквата е осветена на 6ти септември 2015 година. Манастирот се изгради по иницијатива на црковниот одбор од селото, на чело со парохискиот свештеник Димко Димоски, а со донацииите од локалното население и од дијаспората, како и на сите добронамерни верници од пошироката околина. Фрескоживописот е дело на Ѓорѓе Цветковиќ.

За многу години!

WebOhrid