Празникот Св. Атанасиј Велики (летен) одбележан во Рамне
Денеска во Рамне се одбележа празникот Св. Атанасиј Велики во манастирот посветен на Св. Атанасиј. Времето послужи за голем број на верници да го посетат манастирот, кои палеа свеќи за здравје, среќа и бериќет.
После светата богослужба кумот Јован Шиникоски даде ручек за добронамерните верници кои го посетија манастирот. Новото кумство го презеде Танас Недески кој од денес, па се до 31ви јануари ќе служи во манастирот.
На двајцата кумови и нивните семејства Бог и Св. Атанасиј да им даде здравје, среќа и љубов.
За многу години!
А. Андриоски