24/02/2025
Охрид

Празникот Св. Атанасиј Велики (летен) одбележан во Рамне

Денеска во Рамне се одбележа празникот Св. Атанасиј Велики во манастирот посветен на Св. Атанасиј. Повеќе верници кои го посетија манастирот палеа свеќи за здравје, среќа и бериќет.

После светата богослужба кумовите Благојче и Билјана Клечкароски дадоа ручек за добронамерните верници кои го посетија манастирот.

За многу години!