Празникот Света Недела одбележан и во Долно Коњско, прекрасна забава со познатиот пејач Јордан Митев
По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, синоќа во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид беше организирана прослава, на која годинава присутните верници ги забавуваше познатиот фолк пејач Јордан Митев.
Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско
Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на тогашната директорка на Завод и Музеј Охрид, Тања Паскали Бунташеска, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.
Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.
WebOhrid
Фото: Официјална фан страна на Јордан Митев