Реализација на мерките од Планот за чист воздух
Спроведени мерки во рамки на имплементацијата на Планот за чист воздух на Владата на Република Северна Македонија. Листата опфаќа замена на загадувачките системи за затоплување со еколошки, како и замена на старите прозорци и врати, со цел подобрување на енергетската ефикасност во општините коишто аплицираа на јавните повици за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година.
I. Замена на нееколошките системи за греење во:
1. Општина Кисела Вода
- Детската градинка „8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“, општина Кисела Вода
Досегашното греење на нафта се заменува со високоефикасни инвертер клима уреди.
2. Општина Тетово
- ООУ „Наим Фрашери”
Досегашното греење на нафта се заменува со високоефикасни инвертер клима уреди.
3. Општина Струмица
- ЈПКД „Комуналец”
- Зграда на урбанизам и комунални работи
- Детската градинка „Детска радост” Клон 1
Се приклучуваат на градската гасоводна мрежа на Струмица.
4. Општина Могила
- ОУ „Браќа Миладиновци”, с. Дедебалци
- ОУ „Кочо Рацин”, с. Трновци
- ОУ „Гоце Делчев”, с. Радобор
- ОУ „Кочо Рацин”, с. Лознани
Се врши целосна замена на печките на дрва, со високо ефикасни инвертер клима уреди.
- ОУ „Димката Ангелов – Габерот“
Досегашното греење на нафта се заменува со топлинска пумпа
- Детската градинка „Рада Поцева”
Досегашното греење на нафта се заменува со високоефикасни инвертер клима уреди.
- Детска градинка „Буба Мара – Пчелка 2“
Досегашното греење на нафта се заменува со високоефикасни инвертер клима уреди.
II. Замена на надворешните прозорци и врати, со цел подобрување на енергетската ефикасност во:
1. Општина Карпош
- Детската градинка „Мајски цвет“
- Детската градинка „Калинка”
3. Општина Струмица
- Домот на Армијата
4. Општина Свети Николе
- ОУ „Кирил и Методиј”
- ОУ „Страшо Пинџур”, Возарци
- ОУ „Страшо Пинџур”, Дреново
- Ученички дом, Дреново
- ЕМУЦ „Киро Спанџов” – Брко, Кавадарци
- ОУ „Тоше Велков Пепето”, Кавадарци