23/11/2024
Струга

Пред казино во Струга истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето

Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против И.Д.(25) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Тој, на 17.02.2020 пред казино на ул.„Маршал Тито“ во Струга истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето, кој се обидел да го спречи да ја запали течноста.